Американскиот Боинг 737 кој летал од Хјустон до Канкун доживеал механички дефект неколку минути по полетувањето, принудувајќи го авионот да се врати на аеродромот Хоби за патниците безбедно да се симнат.
Патниците на летот на Southwest Airlines сведочеа дека виделе страшни сцени откако од десниот мотор на авионот почнале да излегуваат пламени јазици и чад.
This passenger spotted flames coming from the plane engine, which caused the Southwest flight from Houston to Cancún to make an emergency landing. pic.twitter.com/2PJiMkeMl6
— USA TODAY (@USATODAY) August 18, 2023
Летот 307 го започна своето искачување кога екипажот слушна силен тресок што доаѓаше од десниот мотор. Огнот набрзо почнал да излегува од него, а патниците во авионот успеале да го снимат кварот на сред лет.
Патник го прозорецот зад десното крило го снимил пламенот. Екипажот го исклучил моторот и го запрел искачувањето на авионот на околу 280 метри, а потоа се вратил во Хјустон Хоби каде што пистата била „исчистена“ за авионот да слета, а патниците да се качат на друг авион.
Севкупно, Боинг 737 бил во воздух цели 16 минути. Во инцидентот нема повредени, но веројатно патниците биле доста исплашени.