Ширила со возилото удри во ѕид, загинаа две момчиња, сега ја чека доживотен затвор

Од:

Девојката која предизвика сообраќајка во која загинаа двајца млади момчиња, a на денот на несреќата носеше „бушави“ влечка кои и беа „залепени“ на педалата за гас, е прогласена за виновна и се соочува со доживотен затвор.

Мекензи Ширила имаше 17 години кога во јули 2022 година предизвика сообраќајна несреќа возејќи во „бушави“ влечки на Прада. Нејзините придружници, Доминик Русо (20) и Дејвион Фланаган (19) загинаа во сообраќајката.

Иако Мекензи беше малолетна, судот во Кливленд, Охајо, и судеше како возрасна и ја прогласи за виновна. Ваквата осуда предвидува автоматска доживотна казна затвор, а таа нема да има можност да поднесе барање за условно ослободување во првите 15 години.

Утврдено е дека Ширила, која била во турбулентна врска со еден од загинатите млади момчиња, намерно го насочила автомобилот кон ѕидот во кој удрила. Изјавите на сведоци потврдија дека и порано често се расправала со своето момче, а во моментот на несреќата имала високо ниво на ТХЦ во крвта. Страшната несреќа била откриена дури по 45 минути, а Ширила се уште седела во автомобилот, додека околу неа имало мртви млади момчиња. Таа не повика помош.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај загина 46-годишен камионџија од Желино

Седум загинати, над 53 повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Пијан возач од Македонски Брод удри во паркиран автомобил

Штипјанец е тешко повреден откако со мотоцикл излета од автопатот Скопје-Куманово

Во сообраќајка загина пратеникот во Собранието на Република Српска, Срѓан Тодоровиќ

Горан Наумовски

Обвинителство изврши увид по тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

А1он