Вработените во МИА продолжија со протестот

Од:

Вработените во АД Медиумската информативна агенција (МИА) и денеска излегоа на предупредувачки протест, за време на полчасовната пауза пред просториите на Агенцијата. Новинарите и медиумските работници по седми пат го повторија ставот за итна реакција и зголемување на платите и порамнување на трошоците за живот.

Вработените истакнаа дека се надеваат оти премиерот Димитар Ковачевски, како што изјави во вчерашното интервју за МИА, ќе го одржи зборот и во најкус можен рок ќе се изнајде решение за барањата на вработените во Медиумската информативна агенција.

Синдикалните организации оценуваат дека барањата на колегите од МИА се сосема реални и предупредуваат дека Агенцијата има исклучително важна улога во целокупното медиумско информирање во земјава.

Би можело да ве интересира

Трет предупредувачки протест во МИА

Горан Наумовски

Вработените во МИА на предупредувачки протест