Припадниците на полициската интервентна единица на Флорида, неколку часа по нападот во кој беа ранети двајца полицајци, го убиле осомничениот.
Мажот кој рани двајца полицајци побегнал и се забарикадирал во хотел во туристичкиот кварт на Орландо, соопштија полициските претставници, пренесува АП.
Во соопштението се потврдува дека полицајците од Орландо околу 23 часот запреле сомнително возило како дел од истрагата за убиство во Мајами, но осомничениот извадил оружје и пукал кон нив.
Откако пукал кон полицајците, криминалецот украл возило, а полицијата го бркала, но не успеала да го фати.
Речиси седум часа подоцна, полицајците му влегле во трага на осомничениот кој се забарикадирал во хотел Холидеј Ин во туристичкиот кварт на Орландо.
Бидејќи напаѓачот одбил да се предаде, гостите на хотелот биле евакуирани, а осомничениот продолжил да пука кон полицајците кои возвратиле и го убиле, изјави началникот на полицијата во Орландо, Ерик Смит на утринската прес-конференција.
Ранетите полицајци, кои не беа веднаш идентификувани, се пренесени во Регионалниот медицински центар во Орландо каде што им беше укажана помош и се очекува целосно да закрепнат, велат болничките власти.
„Ова е тажен ден за нашиот оддел. Овие службеници ја штитат нашата заедница секој ден“, рече Смит.