(ВИДЕО) Сава прави вистински хаос во Словенија и Хрватска: Надојдената река се излеа од коритото

Од:

Во Словенија денеска е во сила црвен метео аларм поради поплави во поголем дел од земјата.

Межишката долина и делови од Горња Савињска и понатаму се отсечени, а состојбата е катастрофална и во областа Медводе, јави Радио-телевизија Словенија.

Во поширокото подрачје на Камник, полицискиот хеликоптер, како и припадници на полицијата помагаат во евакуацијата на населението.

Условите во Медводе се катастрофални, а луѓето се заробени поради лизгање на земјиштето, изјави градоначалникот на тој град Нејц Моле.

Сава се излеа на устието со Крка кај Брежице, соопштија од штабот на Цивилната заштита.

Пешница и Дравиња се излеале во долниот тек, Сава во средниот и долниот тек, а се излеале и одредени притоки на Љубљаница.

Поради високиот водостој на Сава, кампот во Чатешки Топлице е евакуиран во текот на ноќта, јави Радио-телевизија Словенија.

Нивото на водата низ Хрватска благо се зголемува и покрај бранот вода кој пристигна и се уште пристигнува од Словенија.

Сава во некои делови се излеа од коритата, но се чини дека врвот на водениот бран се уште не е поминат. Редовни мерки за заштита од поплави се на сила низ државата, а на места се и подготвителни.

Бранот од Словенија вчера најпрво зафати делови од жупанија Меѓумурје и Вараждин.

Протокот на Сава вечерва треба да биде рекорден, пренесува Index.hr.

Би можело да ве интересира

САВА пензиско друштво А.Д. Скопје и Хајделберг Факултет во Скопје потпишаа договор за долгорочна соработка во имплементацијата на германското високо образование

Врвот на бранот од Словенија се очекува во наредните часови: Кај Брдовац водата стигна до куќите

(ВИДЕО) Загреб на нозе – Сава се излеа од коритото, врвот на водениот бран допрва доаѓа

А1он