Доналд Трамп пред неколку моменти објави дека се упатува кон Вашингтон, каде ќе биде уапсен.
Трамп објави порака на Truth Social, социјалната платформа што ја основа по напуштањето на Белата куќа.
„Сега ќе одам во Вашингтон за да ме уапсат затоа што се спротивставив на корумпирани, наместени и украдени избори. Тоа е голема чест затоа што ќе ме уапсат заради вас. Да ја направиме Америка повторно голема!!!“ Трамп напиша на Truth Social, социјалната мрежа што ја основа по напуштањето на Белата куќа.