Жените полесно одолеваат да го проверуваат телефонот на партнерот од мажите, покажа истражувањето направено во Велика Британија.
Паметните телефони носат толку предизвици што понекогаш е тешко да им се одолее, па проверувањето на пораките и друго на партnеровиот мобилен стана речиси вообичаена активност.
Сепак, жените полесно одолеваат на искушението да ги проверуваат телефоните на партнерот, за разлика од мажите, од кои три петини од признале дека го прегледувале мобилниот на партнерката без нејзино знаење.
Повеќето бараат некои пораки кои би можеле да укажат на неверство, а нив ги читале 34 отсто од жените и дури 64 проценти од мажите, додека половина од луѓето ја знаат шифрата на мобилниот на партнерот.
Сепак, во случај на пронаоѓање на чудните пораки, жените почесто би се соочило со партнерот отколку мажите, а најчести докази се пораките по пат на СМС или социјалната мрежа.
Интересни се и одговорите на прашањето што би било кога би го фатиле партнерот како им оребарува по телефонот. Во тој случај речиси третина од луѓето веднаш би ја прекинале врската, а скоро еднаков број мобилните секогаш ги чуваат до себе за да не дојде во други раце и да го доведе партнерот во искушение.