Најмалку 10 луѓе загинаа, а многу повеќе се затрупани во лизгање на земјиште во Индија

Од:

Најмалку 10 луѓе загинаа, а многу повеќе се затрупани во лизгање на земјиште во западната индиска држава Махараштра.

Одронот се случи по обилните монсунски дождови, соопштија денеска државните власти.

Спасувачите се обидуваат да најдат преживеани под урнатините, објави Ројтерс. Свлечиштето е предизвикано среде ноќ во селото Иршалвади, на околу 60 километри од Мумбаи, објавија медиумите, повикувајќи се на официјални претставници.

Надлежните изјавија дека во селото има вкупно 48 семејства, а околу 75 лица се евакуирани. Поради обилните монсунски дождови, училиштата се затворени, патиштата се поплавени, а железничкиот сообраќај е во прекин низ Махараштра, најбогатата држава во Индија.

Училиштата и колеџите во Мумбаи денеска се затворени. Во неколку области во Махараштра во средата паднаа повеќе од 100 милиметри дожд на метар квадратен, а во следните 24 часа се очекуваат обилни врнежи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати