Ѓоковиќ: Не сакам да губам натпревар на ова ниво

Од:

Не сакам да губам натпревар на ова ниво, но морам да бидам многу благодарен затоа што освоив многу титули и тешки натпревари, на пример против Федерер во финалето во 2019 година, кога спасив две меч топки. Можеби требаше да загубам некои други мечеви, сега се сврте, изјави српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот во финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз (3:2).

Ѓоковиќ не успеа да ја освои својата петта последователна, а вкупно осма титула во Лондон и остана на 23 Грен слем трофеи.

„Загубив од подобар играч денес. Тоа не беше многу добро за мене, но беше за Карлос. Кога сервираше за победа, играше неверојатни удари, тоа беше одлично, браво. Мислев дека ќе имам проблеми со тебе на глина и бетон, не на трева, но оваа година и тоа се промени. Честитки за вас и вашиот тим“, му се обрати Ѓоковиќ на младиот шпански тенисер.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Чехот, Томаш Махах

(ВИДЕО) Новак пцуеше по победата на АО – поради провокатор не можеше да го сокрие бесот

А1он

Еден од најтешките порази во кариерата на Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ го совлада Монфис и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн

Ѓоковиќ: Планирам да играм на повеќе турнири од минатата сезона

Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари 2025 година на турнирот во Доха