(ВИДЕО) Нуркачи снимија џиновска „риба на судниот ден“, ја следи мит дека може да предвиди земјотреси

Од:

Нуркачи во близина на Тајван останаa зачудени откако наишле на џиновска риба позната како лопатка. Се вели дека е знак за претстојните земјотреси, па затоа се нарекува и „риба на судниот ден“ – се разбира, научниците тврдат дека нема докази за тоа.

Рибата е снимена во близина на брегот на Руифанг. Нуркачите процениле дека „земјотресната риба“ била долга речиси два метри.

Иако е интересно да се види, нејзината појава во плиткото можеби не е добра за рибите, пишува NY Post.

– Веројатно умирала, па запливала во поплитки води, изјавил инструкторот за нуркање Ванг Ченг-Ру за рибата слична на змија, која била прва со која се сретнал.

Што се однесува до суеверието околу предвидувањето на земјотресите, тоа се заснова на јапонската митологија дека овие риби се издигнуваат на површината и се насукуваат пред претстојниот земјотрес. Ваквите стравови беа дополнително зголемени за време на земјотресот и цунамито во Фукушима во 2011 година, бидејќи овие риби почнаа да се издигаат на брегот пред таа катастрофа.

Сепак, експертите тврдат дека оваа теорија нема научна основа.

– Верувам дека рибите имаат тенденција да излегуваат на површина кога се во лоша физичка кондиција. Така, тие често се веќе мртви кога ќе ги најдеме, рече Хиројуки Мотомура, професор по ихтиологија на Универзитетот Кагошима.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Силен земјотрес го погоди североисточниот дел на Тајван

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски