Украинската тенисерка Елина Свитолина се пласираше во осминафиналето на Вимблдон, што и ги наруши претходните планови, а на својот Инстаграм објави дека подарува две билети за концертот на Хари Стајлс во Виена.
Таа пред девет месеци доби дете со сопругот и францускиот тенисер Гаел Монфис, а бидејќи не верувала дека толку брзо ќе се врати на теренот и ќе почне да победува, купила билети за концертот на Британскиот пејач Хари Стајлс во Виена.
Наместо тоа, по победата над Венус Вилијамс, Белгијката Елисе Мертенс и Американката Софија Кенин, се очекува да се појави во осминафиналето на овој грен-слем каде ќе игра против Белорусинката Викторија Азаренка.
„Требаше да одам на концертот на мојот омилен пејач во Виена, но Вимблдон ми ги промени плановите. Ако некој сака да оди, имам две карти“, напиша Украинката на Инстаграм.
Свитолина моментално е 76-та тенисерка на ВТА-листата, а најдобар пласман имаше во 2017 година кога беше на третото место. Вкупно, таа освои 17 турнири и има 445 победи во кариерата. Се проценува дека досега има заработено нешто повеќе од 20 милиони долари.