Лога: Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија

Од:

Министерот за правда Кренар Лога присуствуваше на седницата на Уставниот суд на која се расправаше за Упатството со кое како задолжителна се утврдува графата за националност во изводите на родени, на венчани и на умрени.

„Ме радува оваа иницијатива, но изненаден сум од фактот што Уставниот суд досега не покренал постапка и за други подзаконски акти кај кои не се почитува уставниот рок за објавување во Службен весник. Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија. Најавувам дека во иднина јас лично ќе поднесувам иницијативи до судот за непочитување на уставните рокови. Вината не е во Министерството туку во Секретаријатот за законодавство во рамките на Владата“, изјави Лога.

Министерот за правда најави дека ќе се подготви нов пречистен текст на Упатството и ќе го достави до секретаријатот за законодавство за објавување во Службен весник.

Би можело да ве интересира

Лога: И по притисокот на Таравари и неговиот газда, тој не го добил предметот за „печатите на АА“

Горан Наумовски

Лога му се спротивстави на Таравари: Алијансата за Албанците оди сама на избори

Горан Наумовски

Министерот Лога бара Судскиот совет да ја изземе Лорета Ѓоргиева поради конфликт на интереси

Лога ќе бара да се свика Советот за безбедност за осудениците за кои нема место во затвор

Горан Наумовски

Лога: Испративме дописи до координаторите на пратеничките групи и до Мицкоски за да се изјаснат за Предлог-законот за амнестија

Лога: Едно од можните решенија е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на Судскиот совет