Вашингтон: Деветмина ранети во пукање за време на прославата на Денот на независноста

Од:

Во пукање во Вашингтон повредени се девет лица, меѓу кои и 9-годишно дете и 17-годишен тинејџер, додека го прославувале Денот на независноста на 4 јули, соопшти денеска полицијата.

Сите девет лица кои беа повредени во раните утрински часови се здобија со повреди кои не се опасни по животот по пукањето во близина на улицата Мид во североисточен Вашингтон, изјави помошник началникот на полицијата Лесли Парсонс, пренесе Си-Ен-Ен.

– Истрели беа испукани од теренец со темна боја што се движеше по улицата Мид – рече Парсонс во видео изјава на Твитер.

Би можело да ве интересира

Трета жртва од пукањето во Скадар

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Маж од Арачиново бил ранет пред семејната куќа

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“