Најмалку 10 Палестинци загинаа во израелскиот напад на Џенин, а околу 100 се ранети

Од:

Бројот на Палестинците убиени во жестоките борби во Џенин, на Западниот Брег, се искачи на 10, а илјадници жители се принудени да ги напуштат своите домови, соопштија палестинските власти, пренесе Ројтерс.

Израел е блиску до крајот на операцијата и исполнувањето на целите во Џенин, најави советникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Израелските сили во понеделникот започнаа голема воздушна и копнена офанзива врз Џенин на окупираниот Западен Брег, што е најголемата воена операција на палестинска територија во последните 20 години.

Операцијата, опишана како „сеопфатен антитерористички напор“, во која беа вклучени стотици израелски командоси поддржани од дронови, ја поттикна палестинската управа да ја прекине комуникацијата со Израел и ја зголеми загриженоста на САД и ОН за хуманитарната ситуација.

Би можело да ве интересира

Во израелскиот напад врз јужен Либан загинаа 10 лица

Хезболах тврди: Израел е закана за регионот и сака да ги контролира сите муслимани

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Нетанјаху се согласил за план за одмазда против Иран

Хезболах е подготвен за мир со Израел