Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Вимблдон, откако денеска во првото коло го совлада Аргентинецот Педро Качин со резултат 6:3, 6:3, 7:6 (7:4).
Натпреварот траеше два часа и 14 минути. Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против Австралиецот Џордан Томпсон, кој во првото коло го совлада Американецот Брендон Накашима со 2:6, 2:6, 6:4, 7:6 (7:4), 6:3.
Томпсон е 70. тенисер во светот, но никогаш во кариерата не играл против Ѓоковиќ, кој моментално е на второто место на АТП листата.