Претседателството на БиХ на службената интернет-страница на таа институција наведува дека типот на владеење во таа држава е – „воведување федерална демократска република“.
Се работи за страницата „За Босна и Херцеговина“ каде е претставена личната карта на државата, објави Дневни аваз.
Весникот пренесува и реагирања на локални аналитичари кои сметаат дека „таквата квалификација имплицира на некои задкулисни работи, или нечии идеи и желби кои не се во согласност со Уставот на БиХ“.
– Федерален тип на владеење е целосно неодреден и тоа некој се обидува да ја редефинира БиХ која е демократска држава….Скандалозно е што Претседателството на БиХ користи таква одредница, вели Салих Фочо, професор на Филозофскиот факултет во Сараево. Тој додава декатаа фомулација е најблиска до идеите што ги застапува Милорад Додик и неговата СНСД.