Роберт де Ниро доживеа семејна трагедија: Покрај телото на неговиот починат внук е пронајден бел прав

Од:

Холивудскиот актер Роберт де Ниро доживеа семејна трагедија. На 19-годишна возраст почина неговиот внук Леандро Де Ниро Родригез.

Како што открил извор за Дејли Мејл, покрај починатото момче, на чинија е пронајден бел прав.

Исто така, на телото нема ниту еден знак за каква било траума.

Имено, ќерката на познатиот актер Дрена Де Ниро објави фотографија од младиот човек на Инстаграм со емотивна порака.

– Мојот прекрасен ангел. Те сакав без зборови и описи од моментот кога те почувствував во мојот стомак. Ти беше мојата радост и моето срце и се што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев со тебе во моментов. Посакувам да бев со тебе. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ја ширам љубовта и светлината што ги чувствував поради тебе, бидејќи јас бев твоја мајка. Беше толку сакан и ценет, и посакувам љубовта да можеше да те спаси. Многу ми е жал душо. Почивај во мир и во рајот мило мое момче – се вели во објавата.

По низата коментари дека е невозможно да продолжи толку млад живот, мајката на починатото момче додаде:

– Знам, се уште се надевам дека ова е ноќна мора и дека ќе се разбудам.

Де Ниро проговори по тешката семејна трагедија и побара од сите да му дадат приватност на семејството во овие тешки моменти и истакна дека е многу вознемирен поради се.

„Длабоко сум тажен поради смртта на мојот сакан внук Лео. Многу сме благодарни за сочувството што го добиваме од сите вас. Бараме приватност за да жалиме за загубата на нашиот Лео во мир“, изјави Де Ниро.

Би можело да ве интересира

Протест на ѕвездите поради Оскарите, се кренаа и Џорџ Клуни, Бред Пит и Роберт де Ниро

Сандра Бошковска