Многу жители на Крим кои зборуваат руски ја поддржаа идејата за припојување на полуостровот кон Русија во 2014 година, изјави поранешниот американски претседател Барак Обама во интервју за Си-Ен-Ен.
„На Крим имаше многу луѓе кои зборуваа руски јазик и имаше одредена симпатија за идеите што ги застапува Русија. Дури и во украинскиот парламент имаше одреден број поддржувачи на руската страна, а политиката внатре во Украина беше посложена “, рече Обама.