Скопјанец прогонувал маж и жена, ги фотографирал и вознемирувал – доби кривична за демнење

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за две кривични дела демнење, додека уште едно лице се гони за помагање при извршување на наведеното кривично дело.

„Обвинетиот, во периодот од 26 февруари до 9 мај, повторено неовластено прогонувал, се мешал во личниот живот и настојувал да воспостави несакан контакт со двајца сопружници. Во критичниот период тој ги вознемирувал мажот и жената со повици, СМС пораки и пораки на телефонски апликации, ги фотографирал неовластено и им се заканувал дека ќе објави податоци за нив.“, велат од Обвинителството.

Откако сопружниците го пријавиле, вториот обвинет му помогнал така што му ветил дека тој лично ќе влијае да не биде процесуирана кривичната пријава против првообвинетиот.

Дополнително, против помагачот Основното јавно обвинителство Скопје веќе поднесе  обвинение и за кривично дело – Лажно претставување, бидејќи со цел да покаже влијание и моќ пред лицето пријавено за демнење, му се претставувал како полициски службеник, а во пораки споменувал имиња на полициски службеници и јавни обвинители“.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи осомничени за демнење, испраќале писма на неколку службени адреси

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно