Пронајдени се телата на трите члена на семејството по кои се трагаше во Лепенец

Од:

Пронајден е автомобилот БМВ со косовски таблици и телата на тројцата патници во реката Лепенец во близина на местото каде вчера попладне падна по сообраќајна несреќа, потврдуваат извори од истрагата.

Возилото го пронашле нуркачите од полициската специјална единица Тигри и во моментов се извлекува.

Вчера попладне во возилото БМВ со косовски таблици удрил Фолксваген туран со скопски таблички по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на едно семејство, од кои 21-годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје. Во возилото биле и неговата мајката, таткото и 16-годишниот брат.

Возачот на автомобилот „волксваген“ кој учествуваше во сообраќајката е приведен.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Србија – има загинати, возило комплетно изгоре

А1он

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски