Проширено обвинение против американски војник кој објави голем број доверливи документи

Од:

Федералната голема порота го прошири обвинението против Џек Тешеира, млад војник осомничен дека објави голем број доверливи документи на интернет, вклучувајќи го и оној за војната во Украина, што го стави Вашингтон во непријатна положба.

Големата порота со седиште во Бостон го обвини по шест други точки од обвинението за намерно задржување и пренесување информации означени како важни за националната одбрана, од кои секоја носи казна затвор до десет години. Во САД, големата порота е комисија составена од граѓани со обемни истражни овластувања.

Млад регрут на американската Воздухопловна национална гарда, кој има 21 година, во април беше обвинет за неовластено задржување и пренесување информации поврзани со националната одбрана и неовластено земање и чување на доверливи документи и материјали, за што е осудена казна од десет години затвор.

Министерот за правда Мерик Гарланд рече дека ќе бара многу строга казна. Тој е обвинет дека како специјалист по информатика и комуникации во базата Кејп Код во близина на Бостон, објавил доверливи информации на социјалната мрежа Дискорд, кои подоцна се прошириле и на другите социјални мрежи.

Тајните документи ја откриваат загриженоста на американското разузнавање за изводливоста на украинска контраофанзива против руските сили. Тие исто така наведуваат дека Вашингтон собира разузнавачки информации за своите најблиски сојузници, вклучувајќи ги Израел и Јужна Кореја.

Случајот го стави Вашингтон во непријатна позиција и покрена прашања за можните безбедносни пропусти бидејќи младиот војник, и покрај неговиот понизок чин, имал пристап до чувствителни информации.

Би можело да ве интересира

Британија: Сериозно ниво на неточност во извештаите за протекување на доверливи документи

Американскиот секретар за одбрана бара сите припадници на војската да бидат вакцинирани

А1он

ВИДЕО: Авганистанки плачат и ги молат американските војници за помош од талибанците кои доаѓаат

А1он

Американските војници со истрели ја смируваа толпата на аеродромот во Кабул

А1он

Американски војник пронајден мртов во италијанска касарна