Познатиот ММА борец Конор Мек Грегор е обвинет за силување, пишува Дејли Мејл. Немилиот настан се одвивал во тоалет за време на финалето на НБА, на истиот натпревар каде што ја нокаутираше маскотата на Мајами.
Познатиот борец ги негира наводите дека се се случувало во машкиот тоалет за време на четвртиот натпревар од финалето помеѓу Мајами и Денвер.
Канцеларијата за односи со јавноста на Мек Грегор се огласи и соопшти дека наводите се лажни.