Синдикат на ДИЦ: Од првата државна матура се бориме таа да се полага во големи простори или со блокатори, но досега не сме добиле дозвола

Од:

Синдикатот на Државниот испитен центар (СОДИЦ) го демантира Министерството за образование и наука кое денеска соопшти дека побарало од оваа година полагањето на испитите од државната матура да се спроведе во поголеми простории во училиштата, како училишните сали и холови, но дека тоа не се случило поради штрајкот на вработените во ДИЦ непосредно пред датумите за спроведување на државната матура.

-Обидот на министерот, односно на МОН да ја префрлат одговорноста на вработените на ДИЦ и на штрајкот за нерегуларностите во спроведувањето е само избегнување на сопствената одговорност за настаните. Ве известуваме дека изјавата на министерот во врска со причините за неполагање на државната матура во големи простории е лага. Впрочем, за матурата да се спроведува во сали или да се обезбедат блокатори (интернет и телефонските мрежи) во училиштата, вработените на ДИЦ се борат од спроведувањето на првата матура и досега не сме добиле дозвола за тоа. И без штрајк ќе постоеја вибер-групи и немаше испитите да се спроведат во големи простории! Затоа, министре, покажете доблест, но пред сè лична одговорност и не се кријте зад штрајкот, пишува во реакцијата на СОДИЦ.

Синдикатот на Државниот испитен центар наведува и дека штрајкот го ставил во мирување во интерес на учениците и одлучил дека ќе покаже практично што значи грижа за општественото добро со тоа што ќе ја реализира државната матура.

-Без оглед на тоа што од штрајкот добивме само празни ветувања, знаевме дека можеме професионално и навремено да ја завршиме нашата обврска. Тоа и го направивме, истакнува Синдикатот и потсетува дека штрајкот е во мирување, но не е завршен.

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на синдикатот на ДИЦ, нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници

ДИЦ: Тестови не се пробиени туку споделувани во вибер-групи откако почна испитот

Ана Ололовска

ДИЦ: Државната матура ќе полагаат 15 620 ученици

Ана Ололовска

Синдикатот на ДИЦ го става штрајкот во мирување

ДИЦ останува во штрајк и се повлекува од јавни известувања – порача одговорите да ги даваат надлежните министерства

Ана Ололовска