Иванов и Коморовски во обиколка на културно-историските споменици во Охрид

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов и неговиот гостин, претседателот на Република Полска Бронислав Коморовски денеска престојуваа во Охрид, посетувајќи ги најзначајните културно-историски споменици во градот и околината.

Бројната делегација од Полска, предводена од шефот на државата и неговата сопруга, ги посетија Светиклиментовиот храм на Плаошник, црквата „Света Богородица Перивлепта“ со Галеријата на икони, катедралната црква „Света Софија“, по што имаа и куса прошетка со брод на Охридското Езеро.

Поради неповолните временски услови, делегацијата предводена од двајцата претседатели, наместо со брод со автомобили замина за манастирскиот комплекс „Свети Наум“, а целодневната посета на Охрид беше заокружена со свечен ручек во претседателската вила „Билјана“.

Претседателот Коморовски се интересираше за нашето духовно наследство, најмногу внимание посветувајќи им на иконите. Изјави дека е мошне задоволен што се наоѓа тука, како што рече, во земјата на обединетото христијанство. Тој за време на посетата се потсети на неговата младост, на 70-те години од минатиот век кога бил на одмор во Охрид заедно со неговите родители. Се присети на убавите денови минати тука, притоа забележувајќи дека многу од она што го запомнил сега е изменето.

Неговата сопруга, Ана Коморовска, ја искористи посетата на Охрид да влезе во дуќанот на семејството Филеви во охридската чаршија, да го види познатиот охридски бисер.

Со посетата на Охрид, полскиот претседател ја заокружува дводневната официјална посета на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски го прими генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко

Честитка од Иванов по повод Божик

Емир Латифовиќ

Вацлав Клаус на гости кај претседателот Иванов

Емир Латифовиќ

Иванов бара извинување од Тито Петковски

Емир Латифовиќ

Иванов со честитка до британската Кралица по повод раѓањето на нејзиниот правнук

Емир Латифовиќ

Иванов на средба со раководствата на државните универзитети

Емир Латифовиќ