Годинашен добитник на првата награда на престижниот фестивал за афоризам, хумор и сатира „Шабатска чивијада“ што се одржува во Шабац, Република Србија е македонскиот афористичар Миле Ѓорѓијоски.
Наградата на Миле Ѓорѓијоски од Кичево, кој последниве три децении живее и твори во Делчево, ќе му биде врачена утре.
– Оваа награда ми е посебно драга, бидејќи жирито на традиционалната „Шабатска чивијада“ од над 100 кратки литературни творби од афористичари во целиот свет ги награди сетот мои афоризми на тема „Времето е најдобар судија – него никој не може да го поткупи“, изјави наградениот македонски афористичар.
Фестивалот „Шабачка чивијада“ е еден од најстарите и најреномираните фестивали на афоризам, хумор и сатира на Балканот.