(ВИДЕО) Украина има мрежа на агенти и саботери во Русија, им дава напаѓачки дронови

Од:

Украина создаде мрежа на агенти и симпатизери во Русија кои работат на саботажа на руски цели и неодамна почна да ги снабдува со беспилотни летала за да извршат воздушни напади, потврдија за Си-Ен-Ен повеќе извори запознаени со американското разузнавање на оваа тема.

Американските власти веруваат дека овие проукраински агенти стојат зад нападот со беспилотни летала врз Кремљ на почетокот на мај. Беспилотните летала користени во тој напад биле лансирани, сметаат американските власти, од територијата на Русија, а не од Украина.

Не е јасно дали и други неодамнешни напади со беспилотни летала – вклучително и еден во станбена населба во близина на Москва и друг на нафтена рафинерија во јужна Русија – исто така биле извршени од руска територија или дали биле извршени од мрежа на проукраински оперативци во Русија.

Американските власти веруваат дека Украина организирала повеќе саботерски ќелии во Русија. Дел од нив се состојат од проукраински симпатизери и оперативци кои се добро обучени за ваков тип на војување. Се верува дека Украина им дава пристап до беспилотни летала произведени од Украина, а американски официјални лица изјавија за Си-Ен-Ен дека нема докази дека некој од неодамнешните напади со беспилотни летала бил извршен од дронови испратени од САД во Украина.

Официјалните лица не можеа дефинитивно да објаснат како Украинците успеале да ги пренесат беспилотните летала преку граница, но два извори изјавија за Си-Ен-Ен дека беспилотните летала најверојатно биле преместени по долго воспоставени патишта за шверц и можеби биле составени од компоненти кои претходно биле шверцувани преку граница.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков