Вчера поминаа седум дена од страшната несреќа во Мариндвор во Сараево, во која Армин Берберовиќ (26) со мерцедес ја усмрти младата докторка Азра Спахиќ.
Според информациите на „Аваз“, неколку дена пред кобната несреќа, починал таткото на девојката на Берберовиќ, тој ден бил извршен погребот и тој испил пиво.
Убиената докторка Спахиќ ја лекувала мајката на Армин Берберовиќ во Здравствениот дом во Стари Град и целото семејство лично ја познавало. Таа дури го лекувала и неговиот брат Мевлудин.
Околу 23 часот Армин Берберовиќ се упатил на работа бидејќи бил вработен како диспечер во такси компанија, а при пристигнувањето во Мариндвор доживеал несреќа и ја усмртил докторката која ја познавал.
Да биде работата потрагична, тоа утро бил кај Азра Спахиќ бидејќи дошол да ги земе работите од таткото на неговата девојка.