ВИДЕО: Автомобил се заби во резиденцијата на британскиот премиер

Од:

Автомобил удри во ограда на Даунинг стрит, каде се наоѓа канцеларијата и резиденцијата на премиерот Риши Сунак, соопшти денеска лондонската полиција, додавајќи дека еден маж е уапсен поради опасно возење.

„Околу 16:20 часот автомобил удри во оградата на Даунинг стрит во улицата „Вајтхол“. Вооружени полицајци уапсија маж на местото на настанот поради сомнение за направена штета и опасно возење“, информираше полицијата.

Според информациите, автомобил „киа“ возејќи со мала брзина низ „Вајтхол“, главната сообраќајница што минува покрај Даунинг стрит, удрил директно во портите од ковано железо што го спречуваат јавниот пристап до срцето на владата на Обединетото Кралство.

Премиерот Риши Сунак бил во резиденцијата во моментот на инцидентот. Конвој автомобили набрзо потоа го напушти објектот од задната стрна.

Во инцидентот нема повредени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во Лондон, 11 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Демонстрантите во Лондон кои маршираа за поддршка на Палестина го затворија Тауер бриџ

Горан Наумовски