Вулканот Етна во Италија, најактивниот вулкан во Европа, еруптираше денеска и исфрли пепел над Катанија, што доведе до затворање на аеродромот во најголемиот град во источна Сицилија.
Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) соопшти дека пепел паднал во Катанија и најмалку уште еден град на падините на вулканот Етна.
Облачната покривка во дождлив ден го попречува погледот на ерупцијата на вулканот Етна, која често е спектакуларна, соопшти институтот, а пренесува АП.
Италијанската државна телевизија објави дека градскиот аеродром во Катанија ќе биде затворен најмалку до вечерва. Засега нема извештаи за повредени во ерупцијата.