Лавров: Војната може да заврши кога Америка ќе ги напушти сојузниците како во Авганистан

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека војната во Украина може да заврши „кога Америка ќе ги напушти своите сојузници, исто како што направи во Авганистан“.

Како што јави руската режимска новинска агенција Тас, Лавров ова го изјави во интервју за ТВ каналот Царград. Шефот на руската дипломатија рече дека САД „ги напуштија авганистанските лидери на кои се потпираа за време на 20-годишната окупација на таа земја“.

„Се надевам дека современите политичари обрнуваат внимание на историјата. Политиколозите пишуваат многу за тоа. Тие предвидуваат дека ова ќе трае се додека им требаат на Американците. Овие луѓе (владата во Киев, оп.а.) ќе бидат на власт се додека на Америка и требаат, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Москва не знае како Трамп ќе ја реши кризата во Украина

Лавров: Зеленски нема да одлучува за преговорите

Лавров: Ништо нема да се смени во украинската криза со доаѓањето на Трамп

Лавров за контактите меѓу Москва и тимот на Трамп: Подобро да разговараме отколку да се изолираме