Тенисер Јанко Типсаревиќ денеска стана член на СНС. Партијата на својот Инстаграм објави фотографии со натпис: „Добре дојде мајсторе! Заедно за нови победи!“
На една од фотографиите се гледа како претседателот на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ се ракува со Јанко Типсаревиќ, а на другите две фотографии се гледа како тенисерот Типсаревиќ потпишува документи за членство во таа партија.