Радиша Блажиќ, таткото на уапсениот Урош Блажиќ (20), кој го изврши масакрот во селата кај Младеновац, денеска беше на распит во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, по што му е одреден притвор до 30 дена.
Тој на рочиштето ја негираше вината.
Тој се товари за недозволено поседување оружје и пуштање експлозивни материи во промет.
При претрес на објектот што го користел осомничениот Радиша, пронајдени се неколку стотици куршуми различен калибар, пиштол и револвер.
Пронајдена е и рачно изработена направа со чкрапало, како и неколку оптички нишани и други разни делови за огнено оружје.