Скандинавците најсреќни во светот

Од:

Скандинавците се на врвот на топ-листата на најсреќните народи во светот. Тоа го покажува најновиот извештај на ОН, во кој, меѓу другото, е презентирано како се доживува среќата меѓу 156 нации во светски рамки, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

На прво место на листата се Данците, веднаш по нив се Норвежаните, а потоа следат Швајцарците, Холанѓаните и Швеѓаните.

Најнесреќни се жителите на Руанда, Бурунди, Централно-африканската Република, Бенин и Того – сите во Африка.

Извештајот е втор од таков вид во рамки на ОН и се базира врз податоци како луѓето во светот го рангираат своето сфаќање на условите на живеење, и тоа не само како се чувствуваат во моемнтот на испитувањето.

Освен економските услови, значење има и очекувањето во однос на должината на животниот век, со какви човечки и граѓански слободи се разполага, како и во какви услови на општествена благостојба се живее.

Во едно друго слично испитување кое беше објавено пред извесно време, Швеѓаните беа рангирани на второ место, веднаш зад жителите на Австралија, пишува „Дагенс нихетер“.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ