Во здружена полициска акција под кодно име „Докер“, утринава на подрачјето на босанскиот град Бјелина се уапсени поголем број лица осомничени за криумчарење.
Акцијата, во која учествувале припадници на Граничната полиција и на Агенцијата за истраги и заштита (СИПА), е спроведена по налог на Обвинителството на Босна и Херцеговина, пренесуваат босанските медиуми.
Од одделението за односи со јавноста на Обвинителството на БиХ е соопштено дека акцијата ја манифестира решиттелноста на Обвинителството и полициските агенции во борбата против организираниот криминал.