„Ги убив тие луѓе, а не ги познавав“ – Морничави детали од распитот на масовниот убиец од Младеновац

Од:

У.Б.(21) на сослушувањето во Вишото јавно обвинителство во Смедерево го призна делото и детално го опишал.

„Пукав со автомат! Не ги познавав тие луѓе, пукав затоа што сакав да ги исплашам мештаните“. Како што дознава Курир, ова го изјавил У.Б.(21) од Младеновац, осомничен дека со истрели од автоматска пушка на 4 април вечерта во селата Дубона и Мало Орашје уби осум млади и рани четиринаесет лица.

Според нашиот извор, У.Б во обвинителството го признал делото и детално опишал што се случило кобната ноќ.

– Тој изјави дека со употреба на автоматско оружје на три локации на територијата на Смедерево и Младеновац пукал во неколку лица кои биле во групата, а кои не ги познавал, со цел да го заплаши населението на Мали Орашје и Дубона – соопштија од Вишото јавно обвинителство Смедерево.

Според обвинителството, У.Б. се товари за сторени кривични дела тешко убиство, киднапирање, како и кривично дело недозволено изработување и пуштање во промет на оружје и распрскувачки материјали.

-Тој е осомничен дека доцна вечерта и во текот на ноќта на територијата на Смедерево и Младеновац со истрели од автоматско оружје убил осум лица, додека при бегство од местото на настанот прво неовластено користел туѓо моторно возило. Потоа во близина на наплатната рампа „Мали Пожаревац“ со бомба му се заканил на таксист и на патник во такси возило. Го принудил возачот да го однесе во село во општина Крагуевац, каде што подоцна е уапсен – се наведува во соопштението.

При претрес на осомничениот и просториите што ги користел, да потсетиме, пронајдена е поголема количина оружје и муниција.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 30 дена.

– Нему му е одредена мерка притвор затоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, посебни околности што укажуваат дека осомничениот ќе се меша во постапката со влијание врз сведоците, чие распит е во истрага, потоа затоа што има посебни околности, дека ќе го повтори кривичното дело со оглед дека презел дејствија, ден по настаните од 3 мај, дополнително предизвикал и развил чувство на личен страв, немир и несигурност кај секој граѓанин на Република Србија – соопшти Вишото јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на обвинетиот за масакрот кај Младеновац

Мајка на две убиени деца во масакрот кај Младеновац: „Немам деца, болката се засилува, секое судење ни е се потешко затоа што мораме да го гледаме“

А1он

Убиецот од Младеновац доби закана: Цел живот ќе те чекам, се заколнав дека ќе се одмаздам

Горан Наумовски

Урош Блажиќ ја призна вината

Горан Наумовски

Урош Блажиќ призна сѐ: Убиецот од Младедонав даде своја одбрана за извршениот масакр

Родителите на жртвите го нападнаа масовниот убиец од Младеновац