Ученик од осмо одделение во основното училиште „Јован Јовановиќ Змај“ во Брус, Србија, денеска загина во сообраќајна несреќа. Претходно момче (14) околу полноќ украде автомобил, а потоа поради несоодветна брзина и неискуство изгуби контрола и излета од патот.
Возилото се преврте неколку пати. Итната служба и полицијата брзо пристигнаа на местото на настанот и реагираа, го извлекоа од возилото, по што детето беше пренесено во Здравствен дом, но за жал лекарите можеа само да констатираат смрт.