ФОТО: Најчудни скулптури во светот

Од:

Волшебна чешма која лебди во воздух, крал кој јава на коњ свртен наопаку, висечки носорог, обесен човек и џин кој јаде деца, само се некои од чудните, бизарни и забавни скулптури, кои покажуваат што човекот може да осмисли и оживее во уметноста. Некои од нив се станаа многу популарни, а некои предизвикуваат потсмев кај луѓето кои поминуваат покрај нив.

Една од најинтересните е волшебната чешма во шпанското место Ел Пуерто де Санта Мариа. Наизглед таа лебди во воздух со помош на силниот млаз вода, а поточно постои скриена шипка во млазот вода. Сепак, мора да се призне дека е одлична оптичка мамка, пренесува РТС.

Споменикот на Петар Велики во Москва секако е еден од чудните. Го осмислил грузискиот вајар, Зураб Церетели во чест на одбележувањето на 300 години од основањето на руската морнарица. Поставен е во 1997 година, тежок илјада тони и е осма највисока статуа во светот.

Од почетокот беше предмет на критика. Во ноември 2008 година прогласена е по избор Виртуал Турист, за осма најгрда градба на планетата, а во 2010 година списанието Форин полиси го вклучи во својот список за најгрд споменик. По заминувањето на поранешниот градоначалник на руската престолина, Јуриј Лошков од позиција, московските власти толку многу сакале да се решат од споменикот што понудиле да го преселат во Санкт Петербург.

Кружат и гласини дека споменикот првобитно беше осмислен за комеморацијата на 500 години од првото патување на Колумбо, но затоа што не можело да се најде американски муштерија, сменета му е намената во оваа во која и денес ја има.

Малку комична скулптура на чешкот крал Венцислав како јава коњ свртен со главата надолу изработена е во Прага.

Чешката престолница е и дом на бизарни скултпруи од кои секако највечатлива скулптура е обесен човек на врв на зграда.

Кога сме веќе кај бизарноста, ништо подобра не е ни украсната статуа на фонтаната во Берн, која прикажува џин кој јаде мали деца. Изработена е во 1546 година, а треба да го претставува грчкиот титан Кронос кој ги јаде своите деца.

Малку поведра е скулптурата на висечкиот носорог во Потсдам во Германија. Исто така чудни и помалку смешни се големата лажица со вишна во Минеаполис, како и скулптурата бебе во Дербишаер во Велика Британија.

Една од најуникатите статуи се наоѓа во Мелбурн. Споменикот на Шарл ле Троб е обичен, освен што е свртен наопаку и „стои“ на глава.

Недалеку позната е и еден од најпрепознатиливите детали во Брисел е статуата момче кое гаси пожар – Манекен пис.

Многу интересен е и споменикот посветен на велосипедисти кои секоја година учествуваат во култнотo спортско случување Тур де Франс. Направен од алуминиум и челик е откриен во 1995 година, а конечното име му е Le Tour de France dans les Pyrenees.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ