Човекот кој бил со Урош Блажиќ, кој синоќа уби осум лица, а рани 13, е таксистот кој синоќа бил киднапиран од масовниот убиец и при бегството принуден да го вози, дознава „Блиц“.
Според информациите на медиумот, Блажиќ му се заканил на таксистот со бомба и го принудил да вози при бегството, сè до Вињиште кај Крагуевац.
Масовниот убиец е уапсен по осумчасовна потрага во Крагуевац.