Во престрелка која беше окарактеризирана како терористички чин, ноќта меѓу четвртокот и петокот во Младеновац загинаа осум лица, а тринаесет се ранети. Седуммина се во критична состојба, дознава Телеграф.рс.
Трогателни слики на семејствата, роднините и пријателите во текот на ноќта и утрово ја обиколуваат Србија и регионот.
„Што ни направи?! Ми ги уби внуците“, ја пренесуваат трауматичната изјава на дедото на убиенито полицаец и неговат сестра српските медиуми.
Вели дека неговиот внук не се дружел со убиецот. Инцидентот почнал откако групата седела и разговарала во училишниот двор по што по расправија, убиецот зел оружје и почнал да пука.
Веднаш потоа полицијата ја презеде акцијата „Виор“ и започнала опсежна потрага по убиецот.