Крвавиот масакр кај Младеновац, во близина на Белград, го извршил Урош Б.(21), објавија српските медиуми. Телеграф јавува дека напаѓачот не е осудуван, но дека претходно бил пријавуван за насилство.
По расправија во училишниот двор уби најмалку осум лица, иако неофицијалните информации велат дека се убиени десет. Повеќе од десет се ранети, а некои се реанимирани.
Тој побегна и полицијата тргнала во огромна потера. Според последните неофицијални информации тој е опколен во село Шепшин и пука во полицијата. Во крвавиот поход, според некои информации, пукал во дури 18 луѓе, бегајќи низ две села. За Урош Б., во селото велат дека бил малку чуден, но дека никој не посветувал премногу внимание на тоа.
Напаѓачот наводно влегол во конфликт со децата и затоа пукал, изјави сведок од Дубона за порталот Нова.рс. „Почна да пука од Дубона, а потоа отиде уште во две села. Убиен е полицаец кој се обидел да го спречи, a штотуку завршил so работата вели локалen жител.
Мештаните на Дубона велат дека таткото на напаѓачот бил полковник и дека „тој бил добро момче“. Татко му наводно работи во Белград, на висока позиција во армијата.
„Седеа таму и разговараа, тој им пријде и ги застрела од ведро небо. Ги уби внукот и внуката“, изјави за Блиц дедото на полицаецот и неговата сестра. „Ни рекоа дека се застрелани, кога отидовме таму беа мртви, покриени. Се собраа луѓето, почнаа да плачат, што да кажам повеќе.“, рече тој.
Тој вели дека неговиот внук не се дружел со убиецот. „Седеле и разговарале, тој им пришол. Овој му рекол „што правиш?“, извадил калашников од колата и почнал да пука. Еден другар што бил со нив, бил ранет, почина во болница. Уште едно девојче е рането, но таа е жива“, вели дедото. „Велат дека ги застрелал внук ми и внуката во тилот, дека не го ни виделе“, рече тој.