Полицијата го опколила напаѓачот, го држат на нишан, тој одбива да се предаде. Отворил и оган врз полицајци, хеликоптер го надлетува подрачјето.
По првичните информации за двајца убиени, српските медиуми објавија дека бројот на жртви од вечерашното пукање кај Младеновац расте. И четвртата жртва им подлегнала на повредите во болницата во Младеновац.
Урош ранил 18 луѓе бидејќи пукал и додека бегнал низ селата.
Порталот „Телеграф“ јавува дека меѓу убиените се и 20-годишен полицаец и неговата сестра, и уште едно 21 годишно момче
Полициската потера по У.Б.(21) е во тек. Според неофицијални информации на Курир, напаѓачот пукал и во село Шепсина додека полицијата го бркала. Медиумите споделуваат фотографија од 21 годишниот Урош.
Според неофицијални информации, во училишниот двор во градот Дубона, настанала расправија, по што напаѓачот заминал и се вратил со оружје од кое пукал.
Со автомобил „мерцедес“ тој избегал, а додека бегал, тој истовремено продолжил да пука.
Бројни полициски екипи се на терен, блокирани се патиштата во тек е акцијата Вихор потврди полицијата. Сите приоди кон Младеновац и околните села се блокирани.