Во престрелката што се случи вечерва во селото Дубона кај Младеновац, ранети се дури седум лица, јавуваат српските медиуми..
Медиумите известуваат дека две лица загинале, а седум се ранети во престрелката што се случи вечерва во Младеновац!
Екипи на Брза помош и полиција се на местото на инцидентот. Можно е да има повеќе жртви, а според неофицијални информации меѓу ранетите има и деца, јавува Информер.
Распишана е потерница по младиот У.М., 21-годишен, кој по истрелите побегнал со „мерцедес“, јавува Телеграф.рс.
Како што дознава Информер, наводно било пукано од автоматска пушка од возило во движење. Еден полицаец бил погоден и тешко ранет.