Голем лавиринт, составен исклучиво од книги, наскоро ќе биде поставени во британскиот главен град, паралелно со Олимпијадата.
Импресивна скулптира во форма на лавиринт ќе биде инсталирана во Сотби – центарот, еден од водечките европски центри на уметноста, дело на бразилските уметници Маркос Сабоје и Гвалтер Пупо од 31. јули до 26. август.
Лавиринтот е составен од 250.000 книги кои ќе ги наместат доброволци, ќе зафаќа простор од околу 500 квадратни метри, а ќе биде висок 4 метри. Во него нормално ќе има и скриени изненадувања.
Во склоп на презентирањето на лавиринтот предвидено е и читање на цитати од книгите, што ќе го направат повеќе автори, а на крајот секој од посетителите ќе има можност да си земе по една книга.