Девет лица загинаа, а 11 се хоспитализирани поради истекување на гас во фабрика во градот Лудијана во северната индиска држава Пенџаб, објави денеска државната новинска агенција АНИ.
#WATCH | Punjab: Nine dead, 11 hospitalised in an incident of gas leak in Giaspura area of Ludhiana. Visuals from the spot as local administration and medical team reach the spot.
Local officials say that the area has been cordoned off. pic.twitter.com/moDPTVG8XS
— ANI (@ANI) April 30, 2023
Агенцијата наведува дека на местото на несреќата пристигнала екипа на Националните сили за одговор при катастрофи. Полицијата патролира низ градот со маски на лицата и ги предупредува локалните жители да се држат подалеку од контаминираната област, објавија медиумите.