ВИДЕО: Прво појавувањe на Ердоган по информациите дека доживеал инфаркт

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се појави јавност во Истанбул за првпат по четиридневна пауза поради болест.

Шефот на државата (69), кој според официјалните информации имал стомачен вирус, изминативе четири дена зборува само преку видео-врска, што покрена прашања за неговата здравствена состојба, две недели пред претседателските избори закажани за 14. мај.

Поради ова во јавноста се појавија тврдења дека доживеал срцев удар, кои брзо беа демантирани.

Сега, четири дена подоцна, Ердоган беше на турнеја на аеронаутичкото шоу „Текнофест“ на стариот аеродром „Ататурк“ во Истанбул. Турција го претставува шоуто како „најголемото во светот“, каде што нејзината воена индустрија ќе ги прикаже своите беспилотни летала и авиони.

Би можело да ве интересира

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа