Здружението на жртви и сведоци на геноцид и Здружението „Движење на мајките енклави на Сребреница и Жепа“ го осудија учеството на претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, на воената вежба на Армијата на Република Србија.
– По големиот број повици од нашите повратници од ентитетот Република Српска, кои со страв во медиумите ја следат воената вежба на армијата на Република Србија, на која присуствуваше и Жељка Цвијановиќ, претседавач со Претседателството на БиХ, во име на нашите повратници, изразуваме најостра осуда што претседавачот на Претседателството на БиХ беше присутна на вежбата на армијата што учествуваше во окупација на дел на Босна и Херцеговина – се наведува во осудата испратена од тие здруженија.
Здружението на жртвите и сведоците на геноцидот и Здружението „Движење на мајките на енклавите Сребреница и Жепа“ бараат јавно извинување од претседавачот на Претседателството на БиХ и јавна изјава од членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Денис Беќировиќ, за тоа дали има согласност од Претседателството на БиХ за учество на претседавачот на воената вежба во Белград, соопшти Здружението на жртви и сведоци на геноцидот.