Нов сој коронавирус, поради кој повторно се користат маски, е потврден во Словенија. Според медиумите, вирусот забрзано се шири.
Најновите податоци од Националната здравствена лабораторија во Словенија покажаа дека меѓу примероците позитивни на коронавирус, кои се секвенционираа помеѓу 24. март и 7. април, потврдена е новата омикронска подваријанта XBB.1.16. односно „Арктур“.
Новите симптоми кои овој вид на коронавирус ги носи со себе се чешање, конјунктивитис и високи температури. Исто така, се нагласува дека досега не се евидентирани сериозни компликации.
Во моментов во Словенија доминира претходната варијанта на омикронскиот сој на коронавирусот XBB.1.5, но почнаа да се појавуваа инфицирани и со најновиот вид „арктурус“.
Според податоците од Светската здравствена организација, најновата подваријанта е слична на доминантната омикронска варијанта XBB.1.5., но има „дополнителна мутација во протеинот на шилецот. „Лабораториските студии покажаа дека е позаразна и патогена“, соопшти СЗО.
Се додава дека тоа би можело да значи дека „арктурусот“ би можел побрзо да се шири, нема индикации дека ќе предизвика потежок тек на болеста.