Се затресе посилно во Босна и Херцеговина- епицентар кај Градачац

Од:

Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтер ја потресе синоќа Босна и Херцеговина.

Според податоците на Сеизмолошкиот институт, епицентарот на земјотресот бил во близина односно на 13 километри од Градачац и на 55 километри од Тузла.

Бројните реакции на социјалните мрежи покажуваат дека земјотресот бил почувствуван и на територијата на Србија.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ