Неексплодирана американска бомба од Втората светска војна е пронајдена во германскиот град Дрезден при ископувања.
Затоа има потреба од евакуација на најмалку 15.000 луѓе, соопшти денеска полицијата.
Станува збор за воздушна бомба тешка 250 килограми од американско производство, се вели во соопштението за медиумите, известува весникот „Билд“.
Бомбата треба да се деактивира на лице место, а неутрализацијата ќе започне попладне. Според извештајот, дотогаш од околните згради ќе треба да бидат евакуирани до 15.000 луѓе.
Во опасната зона има два домови за стари лица, пишува весникот и додава дека ќе се преземат мерки за безбедност на пациентите, а сообраќајот ќе биде запрен за никој да не биде загрозен.
Во целата акција учествуваат 385 полицајци, се вели во извештајот.