По завршувањето на средбата и победата на екипата на Борец над Шкендија од полуфиналето на одјокарскиот шампионат се случи инцидент во кој дојде до физичка пресметка помеѓу дел од одбојкарите и навивачите.
Екипата на Шкендија по инцидентите напиша соопштение на социјалните мрежи во кое извести дека одбојкарите и членови на стручниот штаб давале исказ во полиција.
„Резултатот на теренот беше засенет со неспортскиот прием на локалните навивачи и нападот врз нашите играчи во салата „Парк“ во Велес. Одбојкарите и стручниот персонал вечерва се повикани во канцелариите на СВР Велес на распит“, објави Шкендија.